skip to Main Content

Заев ќе даде оставка, ќе има пржинска Влада па избори, датум дополнително ќе се договара

Заев ќе даде оставка, ќе има пржинска Влада па избори, датум дополнително ќе се договара
  • 19.10.2019

Премиерот Заев во обраќање до јавноста кое е во тек рече дека одговорноста за неуспехот за добивање датум го зема како негова одговорност потсетувајќи дека целата меѓународна заедница го осудува чинот на Македонија да не и се додели датум за почеток на преговори со унијата.

„Затоа предлагам брзи предвремени избори на кои граѓаните ќе решат, ќе одиме напред или ќе се враќаме во минатото“, рече Заев.

Премиерот изјави дека утре на лидерската кај Пендаровски ќе предложи предвремени избори не кажувајќи го датумот кој го предлага владејачката коалиција.

Во јавноста се шпекулира со два датуми, 22 декември како што наводно ќе предложи власта, или март идната година како што сака опозицијата, која би инсистирала на пржинскиот договор, прво техничка влада 3 месеци па избори.

Заев рече дека ќе се испочитува законската обврска за ткн пржинска влада, со тоа што претходно ќе даде оставка и ќе има технички премиер, без да прецизира било каков датум, споменувајќи тоа што ќе дојде зима, одлуката за влез во НАТО итн.

Back To Top