skip to Main Content

Заев: Јанкуловска и Мијалков се виновни за прислушувањето, но злобата доаѓа од крајниот конзумент – Груевски

Заев: Јанкуловска и Мијалков се виновни за прислушувањето, но злобата доаѓа од крајниот конзумент – Груевски
  • 24.10.2019

„Јасно е како ден кој ги кршел масовно човековите права со незаконското прислушување, според мене јасна е веригата, а конзумент бил поранешниот премиер, Никола Груевски, изјави денеска премиерот“, Зоран Заев, по неговото сведочење во Кривичниот суд во предметот „Таргет-Тврдина“.

-На сите граѓани, па и неполнолетни деца, им е јасно кој прислушувал и кој стои зад незаконското прислушување. Од анализите видов дека краен конзумент бил Груевски, но одговорност имаат и тогашната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, тогашниот директор на УБК, како и обвинетите во бегство Грујевски и Бошковски – рече Заев.

Прашан зошто името на поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков не го споменал во судница и дали се прават обиди за негова амнестија, Заев одговори:

-Груевски е краен конзумент, но се подразбира дека и Сашо Мијалков и тоа како е виновен како тогашен директор на УБК. Сепак лошотијата, злобата доаѓа од тој што го конзумирал тоа, чесниот политичат го спречува тоа и го пријавува. Сите во веригата го прекршиле законот и тука дилема нема. Јасен е случајот како бел ден – посочи премиерот.

извор:фокус.мк

Back To Top