skip to Main Content

Заев: Јанева и нејзиниот тим беа и се искрата на надеж во судството

Заев: Јанева и нејзиниот тим беа и се искрата на надеж во судството
  • 03.04.2019

Во „Печат на неделата“, премиерот Заев со одговор на што се темели надежта дека ќе се усогласи законот за СЈО. Според него преговорите се во тек и зацртаното може да се оствари.

„Сите знаат дека без закон не бива преговори. И таа обврска мора да си ја сносат сите. Донесовме закон за амнестија во време кога имавме поддршка од две третини, но направивме јасна дистинкиција дека тамуи не беа амнестирани „мозоците“ на 27 април.

-Преговорите за СЈО се во тек. Постигнавме навидум невоможни работи, верувам дека можеме и ова. Реформите кои Владата треба да ги направи главно се законски. Е сега треба да направиме реформи и во нашите глави. Катица Јанева и нејзиниот тим беа искра надеж во најтешкото време и тие ја вратија довербата во правосудството. Принципиелно создадениот капицитет немаме право да се откажеме од него, рече Заев.

-Доказите остануваат, а политичарите доаѓаат и заминуваат“, изјави премиерот Заев и се надоврза на потребата политичките партии да се убедат да се донесе законот за СЈО.

-Имам разбирање за разноликост, но за суштински реформски потфати, особено во владеењето на правото е потребно едногласие. Да се обидеме да го убедиме и ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи, вели Заев.

Back To Top