skip to Main Content

Заев: Столтенберг е голем поддржувач на Македонија

Заев: Столтенберг е голем поддржувач на Македонија
  • 25.06.2018

-Ќе добиеме покана каква што чекавме во Букурешт во 2008 година. На 12 јули очекуваме покана од НАТО, по што следува процес на скенирање, кој ќе трае меѓу 3 и 5 месеци, по што на сите земји членки ќе им биде упатена покана за ратификација. Генералниот секретар на НАТО Столтенберг мисли дека ратификацијата на земјите членки ќе почне по овој период, а дотогаш референдумот ќе помине, ја објасни премиерот Заев изјавата на првиот човек на Алијансата дека Македонија ќе добие покана дури по референдумот, ако тој биде успешен.

Како што рече Заев, Столтенберг е голем поддржувач на Македонија, кој и самиот рекол дека за време на неговиот мандат Македонија и Црна Гора ќе станат членки на Алијансата.

Back To Top