skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Орце се жалел, а Заев пријавувал за можниот рекет на бизнисмени?
Далгариан: Мицотакис ќе го блокира Скопје, онолку колку што ќе му дозволат НАТО и ЕУ
СИРИЗА: Среќно враќање во реалноста за Нова демократија
Димитров: Европеизацијата на Северна Македонија ќе биде позитивно и за Грција
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Заев се сретна делегацијата на Поткомитетот за транзиција и развој на Комитетот за економија и безбедност на ПС на НАТО

Заев се сретна делегацијата на Поткомитетот за транзиција и развој на Комитетот за економија и безбедност на ПС на НАТО
  • 15.03.2019

Премиерот Зоран Заев денеска ја прими делегацијата на Поткомитетот за транзиција и развој на Комитетот за економија и безбедност на Парламентарното Собрание на НАТО, кои се во дводневна посета на Република Северна Македонија.

На средбата во Владата на РСМ, премиерот Заев посакувајќи им добредојде на 12-члената делегација на земјите членки на НАТО, ги информираше за актуелните политички прашања во земјата и за постигнатите резултати во остварувањето на стратешките цели на земјата, пред сé по потпишувањето на Пристапниот протокол за членство на Република Северна Македонија во НАТО, како и за перспективите на процесот за членство на земјата во ЕУ, соопшти владината прес-служба.

Премиерот во разговорот со членовите на делегацијата, инаку пратеници во парламентите на земјите од кои доаѓаат, го истакна позитивниот тек на потпишувањето на Пристапниот протокол, и рече дека очекува до крајот на годината оваа постапка да биде затворена по што Република Северна Македонија ќе стане 30-та, полноправна земја членка на НАТО.

Заев ги информираше соговорниците околу имплементацијата на приоритетните реформски цели за зајакнување на демократските капацитети на институциите на земјата согласно стандардите на ЕУ и НАТО, како и за определбата на Владата за целосно спроведување на програма за економски раст.

– Сите земји во нашето непосредно опкружување ги почувствуваа економските придобивки од членството во НАТО. Тие искуства се случуваат и во нашата земја. Минатата година регистриравме рекордна вредност на странските директни инвестиции во висина од 624,5 милиони евра. Во последниот квартал од минатата година оствариме рекорд по квартали во висина од повеќе од 300 милиони евра. Тој период се совпаѓа со нашите уставни промени во земјата кои го најавија сигурното членство во НАТО и ги поттикнаа инвеститорите да вложуваат, бидејќи земјата обезбеди трајна безбедност и сигурност како основна гаранција за нови инвестиции, рече Заев на средбата.

Членовите на делегацијата на Поткомитетот за транзиција и развој на Комитетот за економија и безбедност на Парламентарното Собрание на НАТО на средбата покажаа особен интерес за повеќе прашања, и истакнаа дека средбите и информациите од нивната посета на нашата земја се од извонредно значење за нивната мисија за утврдување на факти, кои ќе бидат дел од извештајот за безбедносните и економските потенцијали на РСМ во соработката со земјите членки на НАТО, се додава во соопштението на владината прес-служба.

Back To Top