skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Бектеши – Азеведо: Северна Македонија е на вистински пат за отворена економија и економски раст
Неизвесна лидерската средба, Мицковски не гледа потреба да присуствува
Седница на собраниската Комисија за здравство
Земјотрес во Струмица, Валандово и околината
Пролонгирано заминувањето во затвор на Сеад Кочан, додека не се одлучи по неговото барање
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Заев: Русија не е земјата која води специјална војна против Македонија

Заев: Русија не е земјата која води специјална војна против Македонија
  • 11.07.2019

Русија не е земјата која ја води специјалната војна против Македонија. Иако е отворено против влезот на земјата во НАТО и проширувањето на Алијансата, Руската федерација не е вмешана во местенката со телефонските разговори. Премиерот Зоран Заев вели дека Македонија и Русија негуваат соработка и покрај различните стратегии, и смета дека измамата на руските комичари не е нарачана од Кремљ.

Во еден од разговорите тема се и односите меѓу Србија и Косово. Заев вчера разговарал со Хашим Тачи и Александар Вучиќ и им се извинил ако биле навредени од тоа што го вели во разговорите.

Заев овие зборови ги кажа токму пред амбасадорот на Руската федерација со кого учествува на отворање на нова бензинска станица на Лукоил. Меѓутоа амбасадорот Сергеј Баздникин не сакаше да даде изјава за објавените раазговори, туку говореше само за руските инвестиции во Македонија

По настанот Заев и Баздникин најавија дека ќе имаат средба која не била закажа по објавување на телефонските разговори, туку пред десетина дена, што според нив говори за добрата комуникација која ја имаат земјите.

Антонио Крстевски

Back To Top