skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
(Видео) Со дрон во Скопје откриен потпалувач на оган
Веќе е извесно дека завршница за предметите на СЈО ќе има
Вистиномер.мк: Химната не е отстранета од образовните програми за основците
Анѓушев: Едно семејство не може да живее со 200 евра плата, минималната плата мора да расте

Заев: „Рекет“ нека го води обвинител од опозицијата ако се преземе и тимот и предметите од СЈО

Заев: „Рекет“ нека го води обвинител од опозицијата ако се преземе и тимот и предметите од СЈО
  • 13.09.2019

Премиерот Зоран Заев во интервју за ТВ Сител објави два предлога до опозицијата за законот за јавно обвинителство.

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски ги одбиле и двата.

-Ние дадовме предлог шефот да биде предложен од Мицкоски, односно од опозцијата. Нашите црвени линии е иднината на предметите на СЈО. Предложивме преземете ги јавните овбинители и стручната служба од СЈО во новото обвинителство, за ги продолжат предметите.

-Значи, новото обвинителство нека ги земе сите предмети од СЈО, предмети за висока корупција, нека го преземе и „Рекет“, ама нека ги преземе и обвинителите и вработените во СЈО, за да ги продожат предметите да не застарат. Ако ваков предлог не се прифаќа нека кажат зошто не се прифаќа.

-Вториот предлог е доколку не сакаат обвинителите од СЈО да одат во новото обвинителство, тие да се вратат вос своите претходни обвинителства, но предметите на СЈО да одат под државниот обвинител. За да не бидат закочени и да не застарат додека се екипира новото обвинителство. Тоа се двата предлози, и ниту еден не беше прифатен, рече Заев.

 

 

Back To Top