skip to Main Content

Заев: Продолжуваат разговорите за заеднички претседателски кандидат

Заев: Продолжуваат разговорите за заеднички претседателски кандидат
  • 25.02.2019

Процесот на разговори околу изнаоѓање заеднички кандидат продолжува, рече денеска премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и најави дека утревечер во партијата ќе почне да се разгледуваат нивните анализи и предлози, но и она што им го посочиле партиите со кои бараат заеднички кандидат, а при носењето одлука ќе ги имаат предвид интересите на граѓаните и државата.

-Ние утревечер имаме координација. Дотогаш очекуваме сублимат од сите политиички партии за нивни сугестии околу анализите кои ги направија, но и да сугериираат конкретни имиња, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање пред презентацијата на Оперативниот план за вработување за 2019 година.

Тој додаде дека утревечер СДСМ ќе почне да одлучува врз база на сите анализи и информации кои како партија ги имаат, од сугестиите од своите тела, но и од сугестиите од партиите со кои, како што истакна, сакаат заедно да застанат зад заеднички кандидат.

-Имаме преважни работи пред нас, работи кои се важни за државата и граѓаните. Една од нив е можноста да се застане зад заеднички кандидат и заради едно општество за сите и заради иднината на нашата земја, рече Заев.

Според него, нема поголеми проблеми меѓу коалициските парнери, а одредени слабости, рече, веројатно се наше секојдневие, и ќе ги решаваме. Но, додаде Заев, во никој случај тие не треба да ги загрозат глобалните процеси кои се важни за сите граѓани и државата.

Back To Top