skip to Main Content

Заев: Премиерската функција да се ограничи на два мандати

Заев: Премиерската функција да се ограничи на два мандати
  • 03.04.2019

Премиерот Зоран Заев на гостувањето во емисијата „Печат на неделата“ се осврна на различни теми, а една од нив беше и прашањето за бегството на Никола Груевски.

Според Заев истрагата ќе покаже каде биле слабостите, но и дека нема штета од промени.

„Слабоста на демократијата веројатно не ги држеше будни до крај сите институции, бидејќи тој беше слободен човек кога избега. Јас сум само негов политички опонент. Нема штета од докази на маса, на крајот нема незаменлив човек. Треба работите да се менуваат. Знам каде биле слабостите, но треба да покаже истрагата“.

Заев исто така со став дека според ветувањата дадени во програмата за живот, премиерската функција треба да се ограничи на два мандати, но дека за неговиот втор мандат ќе одлучат само граѓаните.

Back To Top