skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Брима: Македонците пооптимисти во светски рамки за меѓународните политики на САД, Русија, Кина и ЕУ
Спираки: Официјалното име на соседната земја е Северна Македонија, дискусијата за таблите е од мало значење
СДСМ и ДУИ бараат консензуален претседателски кандидат
За олеснување на трговијата и транспортот 26,2 милиони евра од Светска банка
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Заев посакува решение за името пред 29 јуни, бара креативност во преговорите

Заев посакува решение за името пред 29 јуни, бара креативност во преговорите
  • 14.05.2018

Премиерот Зоран Заев посакува да се дојде до некое решение за спорот за името пред Самитот на Европскиот совет, кој се одржува од 25-29 јуни и каде се носат одлуките за добивање датум за пристапни преговори со ЕУ.

„Верувам дека пред сè треба да бидеме креативни и посветени и јас би сакал некаде пред Самитот на Советот на Европа, а потоа и Европскиот совет, тоа е 25, 26, па 28 и 29 јуни, да се носат одлуките за добивање датум за преговори или не. Дотогаш да имаме некое решение, па дури треба да знаеме дека и да има приближување на она што е останато, во Грција и Македонија мора да направиме внатрешен процес на консултации“, изјави Заев денеска во Росоман на почнувањето на втората фаза од изградбата на експресниот пат Градско-Прилеп.

За најавената средба со грчкиот премиер Алексис Ципрас на маргините на Самитот на ЕУ во Софија на 17 мај, Заев рече дека целта е да направат рекапитулар на тоа што досега е разговарано и да им дадат смерници на министрите Никола Димитров и Никос Коѕијас, кои директно преговараат.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top