skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
ДКСК: Заев не може да биде премиер и министер за финансии
Заев: Го повлекувам предлогот да бидам и министер за финансии, иако уставот и законите го дозволуваат тоа
Атанасов: Сакав да бидам министер, бидејќи во образованието се прави малку
Весел Мемеди ќе поднесе оставка од функцијата потпретседател на Собранието
Шекеринска: Северна Македонија ќе учествува на сите сензитивни дискусии во НАТО
Димитров: Бугарија и Македонија ќе најдат начин низ пријателство и почит да го решат прашањето за Гоце Делчев
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Заев: Опозицијата не помогна во најкрупните одлуки за државата

Заев: Опозицијата не помогна во најкрупните одлуки за државата
  • 25.03.2019

Договорот со Грција е совршен пример, модел како може да се разграничат идентитетски прашања и неговата имплементација веќе ги носи првите резултати. Сите ја чувствуваме рефлексијата. Веќе никој не го оспорува индетитетот на Македонцитте и останатите заедници во државата. Имаме држава признаена од сите, рече премиерот Зоран Заев на денешната трибина во Куманово – „Фер општество-шанса за сите“.

Земјава, според Заев, е пример за останатите, како преку договор и дијалог се решаваат крупни, сложени проблеми. Создаде модел со кој се зајакнуваат добрососедските односи. Но, опозицијата не помогна во најкрупните одлуки за државата.

– Оваа дипломатија е заради граѓаните, за дома, за идните генерации, да има живот во нашата земја, а Кумановци знаат колку е важно да бидеме интегрирани во НАТО, да бидеме трајно стабилни и безбедни. Куманово знае и од историјата и од поново време колку е важен мирот. Дел сме од најголемиот безбедносен сојуз на светот, ќе бидеме треиесета земја членка на НАТО, истакна премиерот.

Тој изрази надеж дека до крајот на годинава или во почетокот на наредната државата ќе го добие полноправното членство во НАТО, додавајќи дека земјата е пример во светот, како низ дијалог се гради пријателство и се обезбедуваат перспективи за сегашните и идните генерации.

-Северна Македонија нема отворени прашања со соседите. Пристигнуваат и првите економски резултати шест месеци по потпишувањето на Договорот. Срушени се рекордите на странските инвестиции. Минатата  2018 година ја завршивме со 624, 5 милиони странски инвестиции што е четири пати поголема сума во споредба со 2017-та. Расте и бруто домашниот производ. Очекуваме во првиот квартал од 2019-та да го пробиеме психолошкиот плафон од четири проценти, да имаме раст, потенцира Заев.

Оцени и дека расте индустријата, дека е намалена невработеноста.

-За една година се вработиле 26.600 граѓани. Ова е доказ дека земјата се движи во правилна насока. Ве уверувам дека со тој тренд ќе ги поминеме и петте проценти БДП, ќе растат платите, 2018-та ја завршивме со шест проценти повисока просечна плата, посочи премиерот и ги повика сите да работат заедно, Владата, општината, приватниот сектор, за да се обезбеди поквалитетен живот.

Се осврна и на инфраструктурата, на изградбата на железничката пруга кон Бугарија, како и на проблемот со стечајците, нагласувајќи дека е решен. Од први јули, дополни, стартува моделот за повраток на ДДВ на граѓаните, а годинава има и 47 проценти повеќе пари за бизнисите.

–Државата е финансиска стабилна. Определени се 50 милиони евра за помош на општините. За локални патишта се договорени 70 милиони евра, а Куманово ќе добие значителни средства бидејќи е најголема општина во државата, рече Заев и посочи повеќе локални проекти, за водоснабдување од Липковско кон Куманово, водомери, реконструкција на водоснабдителен систем, канализација во Тромеѓа, пречистителна станица во Липково, засебен систем за водоснабдување на тој регион, изградба на спортски сали, реконструкција на градската спортска сала, отворање градинки,…

Според премиерот, ќе продолжи поддршката за индустриската зона во Куманово за која се веќе одвоени средства што е значајно за инвеститорите.

Вицепремиерот иминистер за внатрешни работи, Оливер Спасовски кој присуствуваше на трибината рече дека со низа мерки и стратегии државата се бори против криминалот и корупцијата. Преземени се активности, реформи во безбедноста, во следењето на комунакциите, за спречување корупција,..

-Ќе се обезбеди систем кој ќе ги штити и државата и граѓаните. Создадовме сериозна агенда, суштински реформи, систем кој ќе гарантира заштита на човековите права, рече Спасовски.

Заев и Спасовски одговараа на прашања на граѓаните, меѓу кои и за безбедност на децата-жртви на сексуално насилство. Спасовски рече дека ќе се анализира оваа тема, можно е да се формира детски омбудсман и да се развие стратегија со повеќе вклучени институции.

Заев најави воспоставување одржлив здравствен систем.

Во однос на утрешниот ТВ дуел со лидерот на опозицијата Мицкоски, повика Кумановци да го следат зашто, како што рече, ќе биде транспарентен.

Back To Top