skip to Main Content

Заев: Никогаш не би му понудил на Мицковски влез во Влада – тој е човек без став

Заев: Никогаш не би му понудил на Мицковски влез во Влада – тој е човек без став
  • 03.04.2019

Околу поддршката на ДУИ за претседателските избори и кандидатот Стево Пендаровски, Заев смета дека изборите ќе бидат успешни бидејќи граѓаните чувствуваат обврска кон државата.

„Тред ден од кампања. Изет Меџити го води нивниот штаб. Оперативец кој ќе ја заврши работата како што треба. Очекувам успешни претседателски избори. Ги имаме сите можни елементи за тоа. Сите карти ги ставам на успешни избори. Тоа е должност на сите.

-Граѓаните чувствуваат должност кон државата и мислам дека не е доведена во прашање излезноста. Стево Пендаровски е концептот за иднината, верувам дека ќе победи исто како што е легитимно и Мицкоски да има свој фаворит.

Околу формирање на широка Влада во Северна Македонија, Заев со став дека никогаш не би му понудил на Мицковски влез во неа.

„Тој нема став. Тој нема опција“, рече Заев и додава дека не постои никаков притисок од меѓународниот фактор околу формирање на таква влада.

Back To Top