skip to Main Content

Заев: Нема да дозволиме да бидеме понижени

Заев: Нема да дозволиме да бидеме понижени
  • 26.04.2018

Во Виена се одржа нов круг преговори меѓу Скопје и Атина околу деценискиот спор за името. Министрите за надворешни работи на двете држави – Никола Димитров и Никос Коѕиас се сретнаа со специјалниот претставник на ОН, Метју Нимиц.

Во однос на текот на преговорите и прашањето за името и неговата употреба, премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, за бугарската БТВ вели:

Ние, делот на таа историска Македонија, која е во Бугарија, го признаваме како бугарски дел и тука нема никакви дилеми, изјави премиерот Зоран Заев.

– Ако ги погледнеме историски каде била таа историска Македонија, има еден дел во Бугарија. Има еден дел во Грција! Ние сме само еден дел. И тоа е факт – ние сме горниот дел, северниот, Вардарска дел.

Во еден дел од интевјуто тој вели дека е многу важно дома да не бидеме понижени:

– Кога влеговте во оваа зграда, однадвор пишува Влада на Република Македонија. Да не се бара тоа да го промениме“, изјави Заев.

На прашањето дали разговарал со некој од бугарските колеги во врска со евентуално ново име на земјата, Заев рече:

– Не. Мислам дека иако имаше некои јавни изјави, конечно стана јасно дека, во суштина, тоа и не е важно. Ние делот на оваа историска Македонија, која е во Бугарија, го признаваме како бугарски дел и тука нема никакви дилеми. Ние го нарекуваме Пирински дел, зашто Пирин е најголемата планина, но таму живеат граѓани на Бугарија, од кои некои се чувствуваат Македонци и тоа е нивно право. И немаме таков проблем, изјави премиерот Зоран Заев во интервју за БТВ.

Back To Top