skip to Main Content

Заев на Фејсбук: Пратеници, време е!

Заев на Фејсбук: Пратеници, време е!
  • 09.10.2018

Премиерот Зоран Заев денеска на неговиот официјален фб профил со пораката „Време е“ ги повика сите пратеници да ја преземат својата историска должност во однос на статешките приоритети на земјата – членството во НАТО и ЕУ.

– Сите пратеници имаат историска должност пред граѓаните да го обезбедат патот на Македонија кон стабилност и економски просперитет. Тоа е патот кон НАТО и ЕУ кој води преку македонско-грчкиот договор, пишува на фејсбук статусот на премиерот Заев.

Владата вчера го достави до Собранието Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија со насока за негово изменување и дополнување што е обврска од Договорот од Преспа.

Back To Top