skip to Main Content

(Видео) Заев на Конгресот на СДСМ: Пендаровски ќе биде идниот претседател

(Видео) Заев на Конгресот на СДСМ: Пендаровски ќе биде идниот претседател
  • 03.03.2019

Претседателот на СДСМ и премиер на Македонија, Зоран Заев, во својот говор на 23.Конгрес на партијата на власт, ја потврди кандидатурата на Стево Пендаровски за претседател на државата на претстојните избори. Заев говореше за својата државотворна улога и одговорност во пресудните моменти и настани од историјата на нашата држава.

„Нашата партија заедно со нејзините лидери и членство никогаш не отстапи пред предизвиците. Секогаш ја преземаше одговорноста донесуваше одлуки и спроведуваше рационални политики што се покажаа како историски. Не прифатија како Македонци со свој јазик и идентитет и заедно со сите граѓани Албанци, Бошњаци, Роми, Срби кои се дел од нашата држава. Веќе нема пречки, време е за нови потфати. Сега целото време го посветуваме за домашните работи. Секој наш граѓанин без разлика на партиската припадност или неприпадност треба да ги почувствува придобивките, и заедно да работиме за нив, рече Заев во воведниот дел од својот говор.

Потоа се осврна на кандидатот на СДСМ и уште други 30 партии, при што нагласи дека тој ќе биде идниот претседател.

„Стево Пендаровски ќе биде идниот претседател на државата. На него му дадоа поддршка сите етнички заедници и 31-на политичка партија од коалицијата предводена од СДСМ, владината коалиција и сите поддржувачи на концептот за заеднички кандидат за претседател на државата“, потенцираше Заев.

Се заблагодарам на сите повеќе од 20 кандидати за претседател на државата што се јавија на конкурсот на партијата.

– Благодарност до Радмила Шекеринска, до Никола Димитров и до Оливер Спасовски, тие се мотори, предната влеча на нашата Влада. Тие се тука заедно со мене и со другите и министри да одработиме заедно за реформите за да ја направиме земјата поубаво место за живеење за сите граѓани, додаде Заев.

По неговото обраќање, Конгресот е затворен за јавноста, а повторно ќе биде отворен на крајот кога ќе се обрати Пендаровски.

Поддршката беше изразена на средба во петокот вечерта, по која Заев оцени дека се работи за историска одлука на партиите кои покажале дека националните се над партиските интереси.

Back To Top