skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Германски печат: ЕУ земјите подготвени да ја прифатат само Северна Македонија
Расмусен: Земјите од ЕУ не можат да ѝ ја негираат на Македонија иднината што ја бара
Шекеринска: Земјава за една година направи скок од 23 места во однос на стабилноста
Новата амбасадорка на САД во земјава положи свечена заклетва
Сведок од УБК: До системот за прислушување се пристапуваше и надвор од МВР, од поранешниот Аеро клуб
Министерството за правда ги објави извештаите од надзорот во судовите за АКМИС системот
ОН: Светот до 2050 година ќе брои 9,7 милијарди луѓе
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Заев – Могерини: Работиме напорно за да докажеме дека во јуни Северна Македонија заслужува старт на преговорите со ЕУ

Заев – Могерини: Работиме напорно за да докажеме дека во јуни Северна Македонија заслужува старт на преговорите со ЕУ
  • 19.03.2019

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев својата работна посета на Брисел денеска ја започна со средба со потпретседателката на Европската Комисија и висока претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини. На средбата присуствуваа и заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за европски прашања, Бујар Османи, заменичка на претседателот на Владата и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска и министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

Премиерот Заев ја изрази својата лична благодарност за одржувањето на Советот за Стабилизација и Асоцијација во вака значаен период за Република Северна Македонија.

На средбата беа повторени честитките за постигнувањата со Договорот од Преспа, неговата целосна имплементација и придобивките коишто се веќе видливи за сите.

Исто така, на средбата беше поздравен силниот напредок  на Република Северна Македонија во исполнувањето на реформската агенда. Владата од потпретседателката на Европската Комисија, Могерини доби охрабрување пред јуни оваа година државата да ги спроведе преостанатите мерки за комплетирање на реформите предвидени со заклучоците на Европскиот совет од јуни 2018-та година.

Учесниците на денешната средба во Брисел се согласија дека успешното спроведување на фер, демократски и слободни претседателски избори е клучно и приоритетно за Владата на Република Северна Македонија. На средбата, исто така беше истакнато дека сите очекуваат конструктивен пристап и учество на опозицијата во изборите, како и во реформските процеси.

На средбата на владината делегација, предводена од премиерот Заев со високата претставничка на Европската Унија, беше заклучено дека Република Северна Македонија има големи причини да се надева на позитивни сигнали од сите Европски институции во наредниот период.

Back To Top