skip to Main Content

Заев: Мицкоски да се откаже од политиките кои неговата партија ги водеше 11 години

Заев: Мицкоски да се откаже од политиките кои неговата партија ги водеше 11 години
  • 03.04.2019

Премиерот Зоран Заев во емисијата „Печат на неделата“ кажа во какви односи е со лидерот на опозицијата, дијалогот со нив како и за тужбата на неговиот брат против Николовски.

Во врска со односите со опозицијата и контактите со Мицкоски, Заев вели дека кај него не владее антагонизмот и секоја средба е добра.

„Последната средба беше во Владата. Тогаш отворивме и неколку теми. Следно на дебатата која ја имавме. Нашите кабинети комуницираат за да ги координираме преговарачките тимови. Анттагонизмот кај мене не владее. Правам добро и терам понатаму. Успеав така со соседите ќе успеам и дома“, рече Заев.

Премиерот истакна дека благодарение на дијалогот со опозицијата се донесени важни закони, а меѓудругото повика и на заедничка борба против загадувањето со ВМРО-ДПМНЕ. Заев кажа дека би направил селфи и со Мицкоски, но дека треба да се откаже од политиките кои партијата ги водеше изминатите 11 години, ако не во спротивно да каже каква иднина ја очекува Македонија без ЕУ.

Во врска со тужбата на Вице Заев против Александар Николовски, премиерот кажа дека изјавата ја видел на телевизија, бидејќи поради обврските најголем дел од времето е во Скопје и ретко се гледа со него.

„Немав поим. Има обвинувања за криминал и местенки. Чесно зборам секој пат. Не мора да се однесува брат ми како мене. Јас го советував да се откаже од двата проекти и ако знаев порано би го советувал. Јас изјавата ја видов на телевизија, поголем дел од времето сум во Скоје и ретко се гледам со брат ми“, истакна Заев.

Back To Top