skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Османи оптимист дека многу бргу ќе се најде решение за законот за ЈО
Заев: Секој предлог за законот за јавно обвинителство е вреден за внимание
ВМРО-ДПМНЕ достави предлог за законот за ЈО

Заев: Мицкоски бара предметите на СЈО да се заташкаат

Заев: Мицкоски бара предметите на СЈО да се заташкаат
  • 13.09.2019

Премиерот Зоран Заев во вечерашното интервју на ТВ Сител во однос на текот на преговорите со ВМРО-ДПМНЕ околу законот за јавно обвинителство, истакна дека не смее како ќе им текне на политичките лидери, така да менуваат обвинители.

-Јас сум транспарентен, зборувам за сите детали. Секако во целата оваа постапка, причина што нема договор е иднината на предметите на СЈО. Власта се бори тие предмети да имаат своја иднина. Мицкоски и неговите соработници бараат тие предмети да се завршат, да се заташкаат.

-Да напоменам дека пред еден месец кажав дека го прифатив предлогот на опозијцата, СЈО да го припоиме на постоечкото обвинителство. Потоа излегоа нови барања: да го постават шефот. Како ние да објасниме на јавноста, седнале Мицкоски и Заев и ја тргнале Рускоска? Не смее како ќе им текне на политичките лидери, така тие да менуваат обвинители, изјави првиот човек на македонската Влада.

Back To Top