skip to Main Content

Заев: Лажни се аргументациите дека јавниот долг расте

Заев: Лажни се аргументациите дека јавниот долг расте
  • 02.05.2019

Со информацијата дека јавниот долг се намалува, Министерството за финансии сака да ги побие спротивните аргументации, пред се на опозицијата, кои се лажни. Јавниот долг не расне споредено со БДП, туку се намалува и за почит се економските параметри кои покажуваат 625 милиони евра инвестиции, раст од 5,5 отсто на БДП во апсолутен износ, зголемување на индустрискиото производство со 8,8 проценти, раст на увозот и извозот од слободните зони кој е поголем од 27 проценти, во време кога нема апсолутно задолжување на државата во споредба со претходните пет – шест години кога задолжувањето беше три милијарди евра, рече денеска премиерот Зоран Заев.

Одговорајќи на новинарско прашање по седницата на Интерресорската работна група за животна средина, Заев нагласи дека овие параметри се само најава за она што следува со членството на земјава во ЕУ и НАТО.

-Ако бидат мудри политичарите и ако имаме дијалог, да бидат конфорни сите услови во државата, верувам дека ќе имаме двоцифрени бројки со кои ќе се гордееме зашто само на тој начин граѓаните директно ќе почувствуваа дома, во семејните буџети, повисоки примања, помали трошоци на живеење, зголемени плати, повеќе плати, подвлече премиерот.

Back To Top