skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Продолжува судењето за „Титаник“ на СЈО
Кандидатите за технички експерти на интервју во собраниската комисија за надзор на следењето комуникации
Димитров во Грац на дебата за Преспанскиот договор и евроинтергацијата
Павлопулос: Грција ја поддржува европерспективата на Северна Македонија, но потребно е да се исполнат предусловите
Неофит: Ќе направиме се за целосна радост на нашите македонски браќа
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Заев како „Зо За“ бил прислушуван по наредба на Грујевски од УБК, откри Костовски

Заев како „Зо За“ бил прислушуван по наредба на Грујевски од УБК, откри Костовски
  • 14.03.2019

Зоран Заев од УБК бил прислушуван под псевдонимот Зо За, а насоките со кои биле следени граѓаните биле заведувани со имиња. Ова се слушна од сведочењето на Звонко Костовски во Кривичниот суд каде беше изведен доказ, меморискиот уред на кој Костовски ги преснимил материјалите од УБК во случајот за масовното прислушување „Таргет – Тврдина“.

Хард дискот СЈО го зело од канцеларијата на Звонко Костовски во УБК, а од уредот Костовски на цедиња ги преснимувал разговорите на Заев. Снимањето, Костовски го правел по наредба на Горан Грујевски.

Одбраната на Сашо Мијалков реагираше дека сведокот Костовски не смее да го презентира доказот. Адвокатот Љупчо Шврговски истакна дека овој доказ бил користен против Костовски, како обвинет во случајот „Пуч“, па сега било недозволено истиот  да го коментира. Но, судот дозволи доказот да биде презентиран.

Во стан во зградата кај новата Железничка станица во Скопје, позната како „парламентарка“ имало инсталирано посебен компјутер кој бил поврзан со друг компјутер од зградата на оперативна техника во МВР, откри сведокот Костовски.

-Тоа беше направено по барање на Горан Грујевски со цел логистичарот да не мора секојдневно да оди во тие простории и да ги презема материјалите, затоа што на овој начин би се создал сомнеж кај станарите кои живеат во зградат, вели Костовски.

Дел од медиумите пишуваат дека во еден период во оваа зграда живеел и Митко Чавков, кога беше технички заменик министер на МВР.

Според обвинението за Таргет Тврдина, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени илјадници телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби, а прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

Во овој предмет обвинети се поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешниот шеф на неговиот кабинет, Тони Јакимовски.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top