skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Катица Јанева ќе одлучува дали ќе ги изземе Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски од „Титаник 3“
Петнаесет-годишно момче се удави во Пчиња
Пожарот кај Пинтија ставен под контрола
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Заев и Ципрас во сабота ќе добијат награда на Минхенската безбедносна конференција

Заев и Ципрас во сабота ќе добијат награда на Минхенската безбедносна конференција
  • 13.02.2019

За време на Минхенската безбедносна конференција, Зоран Заев и Алексис Ципрас ќе ја добијат наградата „Ewald von Kleist“ за Договорот од Преспа, објави утрово претседателот на конференцијата, Волфганг Ишнигер, на неговиот официјален Твитер профил.

-Причина за славење: Алексис Ципрас и Зоран Заев ќе ја добијат наградата Ewald von Kleist за 2019 (во чест на основачот на Минхенската безбедносна конференција), во сабота, за време на конференцијата, напиша Ишингер на Твитер.

Во изјава за грчката новинска агенција АНА-МПА, претседателот на Минхенската безбедносна конференција и поранешен амбасадор на Германија вели дека Грција и Северна Македонија постигнаа историско достигнување.

-Во ера во која се ретки дипломатските успеси, надминувањето на долгогодишниот спор на Грција и Северна Македонија е пријатна разврска. Двете земји заедно постигнаа историско достигнување, вели Ишингер во изјавата за грчката новинска агенција.

Back To Top