skip to Main Content

Заев и Хан: Дајте и на Македонија датум за преговори!

Заев и Хан: Дајте и на Македонија датум за преговори!
  • 16.10.2019

Попладнево премиерот Заев во Брисел се сретна со еврокомесарот за добрососедство и проширување, Јоханес Хан. И двајцата ги повикаа европските лидери да донесат одлука за отворање на преговори со Македонија. Заев наведе дека секое понатамошно одложување би имало негативни последици, додека Хан потенцираше дека земјава го испорачала тоа што било побарано од неа, па сега е на ред истото да го стори и Брисел.

Јоханес Хан, Еврокомесар за добрососедство

„Ние и големото мнозинство не бараме ништо повеќе отколку зелено светло за подготовка за отворање на пристапни преговори. Не зборуваме за веднаш да започнат преговорите следната недела. Станува збор за јасен сигнал за посветеност за европската перспектива на една земја како Северна Македонија и би рекол и Албанија… Ако и после сите задачи и обврски кои Северна Македонија ги постигна тоа сега не е соодветно наградено, тогаш нема алтернатива за Србија и Косово да влезат во суштински дијалог за идниот соживот на двете земји затоа што единствената причина да се направи тоа е европската перспектива.“

Back To Top