skip to Main Content

(Видео) Заев и Мемеди го препознаа обвинетиот Игор Југ

(Видео) Заев и Мемеди го препознаа обвинетиот Игор Југ
  • 07.09.2018

За упадот во законодавниот дом министерот за внатрешни работи Оливер Спасовекси сведочеше дека на неговото обезбедување му рекол да ѕвони за интервенција, но повратниот одговор бил дека нема наредба за делување. Пред да одговара на прашањата во Кривичниот суд, пронајден солзавец кај роднина на еден од обвинетите, по што судијката Добрила Кацарска неа ја избрка од судница.

Премиерот Зоран Заев во сведочењето откри дека го препозна обвинетиот Игор Југ, како тој во Собранието носел огнено оружје. Југ му поставуваше прашања на Заев. Премиерот му рече дека тој што сакал да го ликвидира веројатно покрај тоа што нема коса, немал ниту храброст. На ваквиот одговор Заев од Југ доби индиректна закана, дека ако сакал да направи нешто, храброст има. Заев меѓу другото раскажа дека чувствувал страв за време на собранискиот упад. Забележал омраза и зло во очите на напаѓачите, а некои од нив според премиерот, барале чиста мета за да маваат или пукаат.

„Претседател на Влада сум, зборував за тоа внатре, не би сакал за тоа да зборувам јавно. Веројатно како и секој човек, така би се чувствувал и јас, чувството е непријатно. Секако е обрска, како секој граѓанин повикан да сведочи да дојде, согласно законот и да го изврши тоа што е граѓанска должност. Бев повикан да сведочам и секако сведочев. Не им е лесно на овие луѓе внатре кои се обвинети. Не би сакал јас да додавам нешто“, изјави премиерот Зоран Заев, откако заврши неговото сослушување во Кривичниот суд.

Пратеникот Весел Мемеди рече дека пред инцидентите не знаел ништо за собраниските порти. Но, подоцна разбрал дека централните врати не можат да се отворат однадвор, туку само одвнате. Игор Југ беше препознаен и од Мемеди. Го опиша човекот кој со десната рака држел пиштол во задниот дел од телото. Југ потоа го прашуваше сведокот околу видовите на пиштоли.

„Јас кажав и во судницата дека не сум експерт по оружје и не знам точно дали било вака или така. Но, апсолутно со мои очи видов дека се работи за дел од пиштол, не целиот. Јас не го видов.претпоставувам дека  има и други пратеници што можеби го виделе целиот или снимки, претпоставувам, дека може да се докаже дека тоа било така или не“, изјави пратеникот Весел Мемеди по сведочењето во судот.

Како клучни моменти за „крвавиот четврток“, екс – министеорт за здравство Никола Тодоров ги препознава во пеењето на албанската химна и начинот на избор на Талат Џафери за претседател на Собрание. Тодоров откако дознал за здравствената состојба на пратеникот Зијадин Села, преку телефон ургирал и за доктори, но и за полициска акција кај тогашниот директор на БЈБ, Митко Чавков. Судијката Кацарска го прашуваше Тодоров за собраниските порти. Тој не знаеше да каже дали вратите биле скршени. Но, затоа објасни вратите се од дебело дрво и се затвораат со попречна греда.

За времетраењето на судските рочишта за 27 април, реагираше Колаицијата „Сите за правично судење“. Наведуваат дека така обвинетите немаат доволно време за квалитетна одбрана.

Игор Стефановски

Back To Top