skip to Main Content

Заев и Димитров заедно го поминаа неделното попладне (Фото)

Заев и Димитров заедно го поминаа неделното попладне (Фото)
  • 10.06.2018

По статиите во грчките медиуми дека постоела поделба во Владата на Заев, односно дека шефот на дипломатијата Никола Димитров „игра лични игри“, тие двајцата ги демантираа ваквите тврдења на дело.

Двајцата на нивните профили на Фејсбук објавија дека викендов го поминуваат во Струмица, на заеднички ручек со сопругите.

На фотографиите на коишто возат квадрицикл, премиерот напишал „На иста линија“.

Министерот Димитров, пак, напиша „Семејна неделна дружба во Струмица со Зорица и со Зоран Заеви. Го бараме патот, заедно!“

Back To Top