skip to Main Content

Заев: Ако Мицкоски тврди дека истрагата за „Рекет” води до мене, јас тврдам дека води до него

Заев: Ако Мицкоски тврди дека истрагата за „Рекет” води до мене, јас тврдам дека води до него
  • 11.09.2019

На денешната прес конференција по лидерската средба, премиерот Зоран Заев одговори на обвинувањата на Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ дека не можеле да се договорат затоа што тој стравувал од случајот „Рекет“.

-Предметот рекет води кај Мицкоски, но тоа е мое лично мислење, истрагата ќе покаже се, рече Зоран Заев

Подоцна на второ прашање тој дообјасни дека како што кажувал Мицкоски дека истрагата води кон Заев така можел и премиерот да го каже спротивното.

„Кои сме ние да кажуваме инаку. Тој вика Заев, јас викам Мицкоски. Не треба да кажуваме ние. Тоа треба да го покаже истрагата. Ова не е работа за Вилма Рускоска, се работи за принцип. Ако ја смениме ќе речат дека политичарите се плашат. Дека седнале Заев и Мицкоски и менуваат обвинител кој има десет месеци до истек на мандат. Тоа не е добро. Инаку Русковска беше заменичка на Гешовска, ама кој сум јас да кажувам дали сум бил среќен или не, вели Заев.

-Секој пат стојам принципиелно зад системи, организации и создадени вредности во државава. И секој пат ќе стојам. Не е важен ниту еден поединец. Вилма Рускоска води сериозни предмети, за настаните на 27 април и за Рекет, а веројатно и многу други. Немојте да дозволите затоа што им паднало на памет на Заев и Мицкоски да го смените обвинителот што води вака актуелни случаи на десет месеци од мандатот што трае четири години. Не можете да испратите порака дека Заев или Мицкоски се плашат предметот да не стигне до нив. Истрагата треба да тера до крај, рече Заев на новинарско прашање.

Вели ако опозицијата сака да предложи обвинител тоа е во ред, на крајот зборот го има Собранието.

-Лично мислам дека предметот Рекет води кај Мицкоски, но тоа е мое лично мислење, истрагата ќе покаже каде води предметот, вели Заев.

За потсетување, средбата која траеше 7 часа заврши без договор.

Back To Top