skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
ЈО побара продолжување на притворот на Јанева за нови 30 дена
Калајџиев ќе биде предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за нов Јавен обвинител?
Алијанса за Албанците: Режимот ВМРО-ДУИ го монтираше, судовите на СДСМ-ДУИ пресудија, бараме меѓународна истрага за „Диво Насеље“
Македонија ги исполни сите услови – на ред е ЕУ

Заев: Има придвижување напред за прашањето за името

Заев: Има придвижување напред за прашањето за името
  • 05.04.2018

Премиерот Зоран Заев е оптимист по средбата во Виена меѓу министрите за шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција за решавање на спорот за името, бидејќи, како што рече, министрите ја отвориле душата и ги кажаа ставовите.

– Знаат што е возможно и знаат што  не е возможно. Така што има придвижување напред. Се надевам дека министрите повторно ќе се видат, веројатно во Охрид на 11 и 12 април. Не знам дали веста е потврдена, знам дека е само план, но ќе направи сигурно дополнително поместување. Продолжуваме понатаму, месеците се пред нас. Убеден сум дека ако направиме напори, да водиме грижа за нашите партнери од Грција, како тоа што ќе го договориме ќе помине во институциите. Но, и тие да водат грижа за нас, како тоа што ќе го договориме да помине низ институциите пред се и пред граѓаните во Грција и Македонија. Тоа е начинот на решавање на проблемот, изјави Заев одговорајќи на новинарски прашања при денешната посета на Штип.

Тој верува дека ќе се најде решение кое ќе го сочува достоинството, идентитетот на двете земји.

Back To Top