skip to Main Content

Заев: Знаеме кои се „за“, референдумот ни треба да видиме кој е „против“

Заев: Знаеме кои се „за“, референдумот ни треба да видиме кој е „против“
  • 25.06.2018

-Ако е за декласификација, немаме намера, ако мораме, ќе го направиме тоа. Да бидеме посветени и да му дадеме шанса на народот да излезе и да се изјасни. Тоа е демократијата што ја посакувавме, вели премиерот Заев во „Уреднички брифинг“.

Тој вели дека секаде во својата околина слуша поддршка за договорот со Грција и напредокот кон НАТО и ЕУ, но и дека референдумот ни е потребен затоа што не знаеме кој е „против“.

-ВМРО-ДПМНЕ излезе надвор од парламентот, а можеби и таму некој е „за“, воздржан или „против“, но нема да учествува. Треба да видиме кои се против, рече Заев.

Како што изјави, тоа што не може да го прифати како аргумент е дека Македонија ги изгубила идентитетот и јазикот.

-Се што е македонско и врзано со јазикот не само што постои во договорот, туку е признаено и прифатено од Грција, а името го допрецизиравме во Северна Македонија затоа што и тоа е факт, рече Заев и повтори дека е убеден оти граѓаните ќе бидат за иднина на Македонија.

Back To Top