skip to Main Content

Заев: За НАТО и ЕУ треба да стоиме заедно, власт и опозиција

Заев: За НАТО и ЕУ треба да стоиме заедно, власт и опозиција
  • 25.06.2018

Морам да признаам дека ВМРО ДПМНЕ не ги поддржува овие процеси и треба да го кажам тоа за да знаат дека знам, вели премиерот Заев. Како што рече, мило му е што повикуват на референдум, затоа што народот треба да се изјасни и потсети дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ веќе изјавил дека ќе гласа „против“, а дел од луѓето од ВМРО-ДПМНЕ дека ќе гласаат „за“.

Заев нагласи дека од ВМРО-ДПМНЕ се залагале за референдум уште откога постои прашањето, иако СДСМ варирале во минатото, но сега сметаат дека граѓаните треба да добијат можност да се изјаснат.

-Можеме да се натпреваруваме во економијата и реформите, но за НАТО и ЕУ треба да стоиме заедно до крај, затоа што нема НАТО и ЕУ без решавање на проблемот, вели Заев и критикува дека ВМРО-ДПМНЕ имале 11 години на власт да не внесат.

-Повеќе ги интересираа парите, личниот рејтинг, калкулантството. Анкетите се местеа затоа што им беше важен рејтингот. Во земја без перспектива, политичарот може да го фрли рејтингот на буниште, рече премиерот.

Тој повтори дека од самостојноста до денеска, во изминатите 27 години народот заслужил перспектива без калкулантство и изрази увереност дека опозициската партија ќе застане на вистинската страна, затоа што не постојат две страни.

Back To Top