skip to Main Content

Заев за заканите: Ме боли секоја закана и секое „предавник“, не можат да ме купат со пари

Заев за заканите: Ме боли секоја закана и секое „предавник“, не можат да ме купат со пари
  • 25.06.2018

Премиерот Заев во „Уреднички брифинг“ на 1ТВ вели дека со заканите и навредите против него расчистил уште кога се нафатил да се занимава со политика.

-Ме боли секоја закана и извик за предавник. Се што имам ми е во Македонија. Потекнувам од бизнис семејство, имам дома се што ми треба, не можат да ме купат со пари, вели тој.

Како што објаснува, имал разбирање од децата, сопругата и поширокото семејство кои го поддржуваат.

-Јас и семејството знаеме низ што поминавме. Не сакам и нема да зборувам затоа што народот треба да биде храбар. Ако ме боли, тоа е за мене. Но морам да носам правилни одлуки за државата, рече Заев.

Тој запраша дали е патриот тој што има офшор сметки или тој, кој се што има му е во Македонија, каде што сака да останат неговите деца и внуци, но само во земја што има иднина.

Како што рече, можеби Македонија ќе ја бидне, можеби има иднина, но сигурно ќе не бидне и ќе има иднина ако стане членка на НАТО и на ЕУ затоа што така се случило и со другите земји.

Back To Top