skip to Main Content

Заев за грчки „Еуроњус“: Француското „Не“ ќе ја „замрзне“ Северна во Македонија

Заев за грчки „Еуроњус“: Француското „Не“ ќе ја „замрзне“ Северна во Македонија
  • 30.10.2019

Во интервју за сервисот на „Еуроњус“ на грчки јазик дадено вчера, македонскиот премиер Зоран Заев вели дека одлуката да не се додели датум за почетокот на преговорите на Северна Македонија, го става во ризик Преспанскиот договор, јави Мета.

Поточно, тоа значи дека деловите за внатрешната употреба на новото име ќе бидат блокирани и не ќе може да се спроведат.

Заев објаснува дека одредени членови од договорот што Македонија и Грција го потпишаа на 17 јуни 2018 година се тесно поврзани со напредокот на Македонија кон членство во ЕУ.

– Некои членови ќе бидат замрзнати бидејќи не може да се спроведуваат. Ќе се обидеме да ги спроведеме, но двете работи се поврзани – вели Заев во интервјуто за „Еуроњус“, појаснувајќи дека станува збор за членовите главно за внатрешната употреба на новото име.

Сепак, во интервјуто тој нагласува дека земјава нема друга алтернатива и дека без ЕУ „ќе се загубиме во темница“.

– Немаме друга алтернатива. Нема други понуди што би можеле да бидат алтернатива. Она што некои други го нудат не ни дава демократија, владеење на правото и слободи. Ако светлината од ѕвездите на знамето на Европската Унија згасна, ние ќе бидеме во темница. И може да се загубиме во темницата. Ако на радикализацијата и враќањето на национализмот им се даде подогна почва, тие ќе нанесат огромна штета на целиот Балкан. А кога Балканот има проблем, и Европа има проблем – вели Заев во интервјуто.

Back To Top