skip to Main Content

Заев: Железни опинци ќе облечам, просечна плата од 500 евра во Македонија ќе има

Заев: Железни опинци ќе облечам, просечна плата од 500 евра во Македонија ќе има
  • 26.01.2019

Железни опинци ќе облечам, просечна плата од 500 евра во Македонија ќе има, рече премиерот Зоран Заев од трибина во Велес каде граѓаните имаа можност да поставуваат прашања нему и на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев. Зборувајќи за економската состојба во земјата Заев истакна дека сега без ниту едно отворено билатерално прашање, Македонија конечно може да прави крупни чекори напред. Економската перспектива тој ја гледа и преку зголемување на потрошувачката и куповната моќ што, пак, оцени, зависи од инвестициите во државата.

-Сега мора да работиме. Сите Владата, и Парламентот, и граѓаните и бизнимените. Прогресот ќе зависи само од нас. Железни опинци ќе облечам, просечна плата од 500 евра во Македонија ќе има, Доста е политика и политиканство, потенцира Заев. Мора да ги засукаме ракавите. Државата ќе ја биде, само ако народот има пари, а во таа насока се фокусирани и владините политики, рече Заев.

Граѓаните го прашаа премиерот што планира да направи за Македонија да престане да биде гледана како „мека на евтина работа сила“? На што вицепремиерот Кочо Анѓушев реплицираше дека платите во РМ ќе растат како резултат на инвестициите кои ќе доаѓаат и дека луѓе кои работат за 9000 или 10,000 плата не постоеле веќе во државата.

На трибината во Велес, сметководителите ги кажаа проблемите со кои се соочуваат и најавија протест пред Владата во вторник.Пазарџиите побараа од вицепремиерот Аншушев итно да ургира во Министерството за економија зашто проблемот, како што оценија, мора да се реши веднаш. Премиерот Заев соопшти дека законот за пазарите ќе се одложи, истакна дека е потребно да има соодветни, минални цени за лиценците, но и сѐ да биде регулирано.

На изјавата на премиерот за зголемување на просечната плата, пристигна реакција од опозициската ВМРО-ДПМНЕ кои потсетија дека Заев ветил просечна плата од 500 евра уште пред две години и не го реализирал тоа.

Тиана Станковиќ

Back To Top