skip to Main Content

Заев: Драго ми е што имаме резултати на меѓународен план, успесите се евидентни

Заев: Драго ми е што имаме резултати на меѓународен план, успесите се евидентни
  • 03.04.2019

Премиерот Заев во емисијата „Печат на неделата“ истакна дека се постигнати успеси на меѓународен план, но дека е сега време за докажување на домашен план.

На прашањето дали се спрема за меѓународна функција, бидејќи меѓународната политика му оди одличн оособено вчера по средбата со Ципрас, која се оценува како успешна етапа во меѓународно позиционирање на Македонија, Заев со одговор:

„Концептот е за решавање на билатерналните прашања, а со тоа се надоврзуваат и меѓународните односи, а од нив зависи и домашниот амбиент. Драго ми е што има резултати, а успесите се евидентни на меѓународен план. Допрва треба да се докажуваме на домашен план“, рече Заев.

Премиерот средбата со Ципрас ја оцени како историска, но кажа и дека имаме добри односи и со останатите соседи и другите земји.

„Добри сме со сите соседи. Руската федерација го прифати новото име, има сериозен мегдан за соработка. Имаме пријатели околу нас. Со Вучиќ имаме коректни односи. Ние сме пријатели со српскиот народ“.

Во однос на вчерашната посета на грчкиот премиер, Заев истакна дека химната не била интонирана поради доцнењето на авионот на Ципрас.

„Доцнеше авионот на Ципрас. Прво скративме официјалности. Скративме и двајца министри од наша и нивна страна, со цел квалитативност на самиот настан. Имаше многу важни работи на средбата и меѓувладината седница“, изјави Заев.

Back To Top