skip to Main Content

Заев до Папата: Северна Македонија е земја на толеранција и заедништво

Заев до Папата: Северна Македонија е земја на толеранција и заедништво
  • 07.05.2019

Премиерот Зоран Заев се огласи за посетата на Папата, по средбата со него.

– Во рамките на апостолската посета на Неговата Светост и прв свештеник на Католичката Црква, се сретнав со Папата Франциск.

На средбата порачав дека оваа Апостолска посета е инспирација за народот на Северна Македонија и го замолив Папата Франциск да се помоли за доброто на граѓаните и на земјата.

Ја истакнав заложбата Република Северна Македонија да ја продолжи својата афирмација како земја на заедништво и толеранција следејќи го примерот на делото на Светите Кирил и Методиј, кои во 1980 година Ватикан ги прогласи за покровители на Европа, напиша Заев.

Back To Top