skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
ЈО побара продолжување на притворот на Јанева за нови 30 дена
Калајџиев ќе биде предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за нов Јавен обвинител?
Алијанса за Албанците: Режимот ВМРО-ДУИ го монтираше, судовите на СДСМ-ДУИ пресудија, бараме меѓународна истрага за „Диво Насеље“
Македонија ги исполни сите услови – на ред е ЕУ

Заев до Мицкоски: Што не ви чини во Илинденска Македонија – Мицкоски без одговор

Заев до Мицкоски: Што не ви чини во Илинденска Македонија – Мицкоски без одговор
  • 23.05.2018

Премиерот Заев ТВ дуелот, меѓу другото го праша Мицкоски зошто за ВМРО-ДПМНЕ не е прифатливо името Република Илинденска Македонија и при тоа додаде дека Владата ќе се обиде овој предлог да биде конечно решение, бидејќи го смета за достоинствено.

-25 години Македонија беше заглавена во калта на патот кон ЕУ. Патриотизам на гладен стомак нема. Што ако не се реши спорот во наредните 10 години. Тоа е лидерство. На крај ќе има референум, граѓаните ќе одлучат. Кажете ми што не чини во Илинденска Македонија, што ви смета во Илинден. Лесно е да кажете ние сме против, без аргументи. И опозицијата мора да биде одговорна во овој процес. Јас верувам дека треба да се обидеме, затоа што решението е достоинствено. И во Њујорк ќе се обидеме, додека можеме да се обидуваме. Сега сме блиску, во наредните 10 години ќе биде многу потешко, рече Заев.

Мицкоски без одговор зошто предлогот Република Илинденска Македонија е  неприфатлив за ВМРО-ДПМНЕ.

Back To Top