(Видео) Заев: Дисквалификацијата на 1ТВ од платената политичка програма е нефер постапка

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, беше гостин во емисијата „Печат на неделата“ со Сашо Орданоски. Говорејќи на различни теми, од Законот за Јавното обвинителство, посетата на премиерот на Република Грција, Алексис Ципрас, добивањето на датум за почеток на преговорите со ЕУ, позиционирањето на државава на меѓународен план, Заев се осврна и на одлуката на ДИК да ја исклучи целосно 1ТВ од платената политичка програма.
Според премиерот постојат пропусти во донесувањето на одлуката на ДИК да ја исклучи телевизијата од платената политичка програма. Тој рече дека целиот случај ќе биде разгледан и од ОБСЕ и изрази надеж дека проблемот ќе биде решен.
„Законот предвидува казна, а не дисвалификација, органите треба да одлучуваат. Денес ОБСЕ излезе со став кој е на страна на телевизијата, бидејќи се работи за нефер постапка“, рече Заев.
Целото интервју со премиерот на Република Северна Македонија погледнете го во видеото:
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.