skip to Main Content

Заев: Груевски бил нарачателот на прислушувањето но Мијалков шеф на УБК

Заев: Груевски бил нарачателот на прислушувањето но Мијалков шеф на УБК
  • 11.10.2019

Прислушувањето се случуваше во времето на Груевски но во тоа време шеф на УБК беше Сашо Мијалков и од тоа нема бегање рече денеска премиерот Зоран Заев оговорајќи на новинарско прашање дали се соглaсува со сведoчењето на Зоран Верушевски на Таргет – Тврдина дека најдоговорен човек за незаконското следење на комуникациите е Груевски.

Фактите како и да се кажани не ја менуваат суштината рече Заев, кој напомена дека со Верушевски кој му е советник е голем пријател со него и многу го почитува заради храброста, важноста, заради тоа што трпело неговото семејство.

„Ги потврдувам само фактите кои се факти и како и да бидат кажани тие не ја менуваат својата суштина, вистина и основаност. Точно е дека во времето на Груевски се случуваше ваквата узурпација на човекови слободи и права преку преслушување на повеќе од 20 илјади народ, преку барем обезбедени повеќе од едем милион разговори и пораки. Исто така е недвосмислен факт е дека шеф на државната безбедност во тоа време бил Сашо Мијалков и тука нема бегање. Секој со својата одговорност, тој што бил премиерот и како тоа го насочувал и го правел, си ја носи својата одговорност, но и тој што ја водел УБК и кој овозможил да бидат ставени на слушање толку многу граѓани треба да си ја носи својата одговорност, рече Заев

Back To Top