skip to Main Content

Заев во дипломатска офанзива: Во Рим кај Конте, во Брисел кај Могерини

Заев во дипломатска офанзива: Во Рим кај Конте, во Брисел кај Могерини
  • 29.10.2019

Премиерот Зоран Заев денеска е во посета на официјален Рим на средба со претседателот на италијанската Влада, Џузепе Конте, по што ќе замине за Брисел каде што ќе учествува на прошталната работна вечера на високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини со лидерите на земјите од Западен Балкан.

Заев оди во Рим на покана од Конте, кој по состанокот на Европскиот совет во Брисел на кој беше одложена одлуката за старт на преговорите со Северна Македонија, најави дека ќе побара повторно отворање на прашањето за проширување на ЕУ во ноември.

Премиерот на С. Македонија минатата недела во ТВ интервју потврди дека со Конте ќе разговараат за проширувањето што треба да биде тема на Советот за општи работи на ЕУ (ГАК), најавен за 19 ноември.

Претседателот на италијанската Влада, Џузепе Конте, по состанокот на европските лидери во Брисел на кој не беше донесена одлука за старт на преговрите со Скопје и Тирана, оцени дека тоа е историска грешка.

Најави дека ќе побара да се поправи грешката и повторно да разговара за датумот за преговори со Северна Македонија и за Албанија веќе во ноември.

Back To Top