skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Јанева со полициска придружба замина за Гевгелија
Законски нејаснотии кој ќе управува со СЈО по приведувањето на Јанева
Судењето за „Монструм“ одложено за 5 септември
Се запали автубус на ЈСП во Ѓоче Петров
Косовското Собрание се самораспушти, се очекува датумот за избори
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Заев: Амнестија е неприфатлива, национално помирување ќе се прави во Собранието

Заев: Амнестија е неприфатлива, национално помирување ќе се прави во Собранието
  • 29.10.2018

Барањето за амнестија од ВМРО-ДПМНЕ е неприфатливо, националното помирување ќе се прави во Собранието, изјави денеска премиерот Зоран Заев по средбата со осумте пратеници кои гласаа „за“ процесот кон пристапување на уставните измени. Заев истакна дека се разговарало за три од четири нивни барања, а во дебатата нашле и конкретни насоки за делот за зајакнување на македонскиот идентитет. Kажа дека до петок ќе има уште една средба со осуммината пратеници кои ги поддржаа уставните измени, како и дека продолжуваат консултациите за нацрт-амандманите со другите пратеници од мнозинството, но и од БЕСА и Алијанса на Албанците.

-Заедно со министерката Рената Десковска направивме консултација со новата пратеничка група. Констатирам дека изнајдовме конкретни насоки во делот на гаранцијата дека процесот ќе биде завршен од страна на Грција. Македонскиот идентитет ќе биде зацврстен, рече Заев.

Додаде дека една од точките што  денеска ја имале на консултирањето била токму четвртата точка од барањето, а тоа е создавање на координативното тело на Парламентот кое треба да зборува за помирувањето кое треба да се случи.

Заев посочи дека денеска се обработени и сите детали при што остануваат следни чекори за формирање на таквото координативно тело кое што треба да биде водено од претседателот на Собранието, да има тројца членови во координативното тело од новата пратеничка група и во него да бидат сите пратенички групи, каде со формирањето на тоа координативно тело ќе бидат разработени сите аспекти на самото национално помирување за кое заемно постои интерес да го спроведеме.

-Ги разработивме сите детали. Заедно со правните тимови ќе ги вградиме трите барања“, истакна премиерот.

 

Back To Top