skip to Main Content

Завршија интервјуата на кандидатите за членови на Антикорупциската комисија

Завршија интервјуата на кандидатите за членови на Антикорупциската комисија
  • 06.02.2019

Во пресрет на распишувањето на претседателските избори, заврши процесот на интервјуирање на кандидатите за претседател и членови на Антикорупциската комисија. Филтерот на Комисијата за селекција го помминаа сите пријавени 57 кандидати. Меѓу нив, судии, адвокати, економисти, државни службеници, новинари. Кандидатите се претставија како надпартиски личности, а речиси на сите заедничко им беше дека во борбата против корупцијата треба да се реагира превентивно и оти никој  со неа не може подобро да се справи од државата И денеска одговараа на прашања како ќе се справат со корупцијата.

Секој од кандидатите може да добие максимум 100 бода и тоа во две фази. Првата е составена од пријва и лична биографија искуство и достигнувања во борбата против корупцијата и втората фаза – Интервју, односно лична  визија и план за работа на Антикорупциската комисија, општи и посебни прашања. Комисијата за селекција составува записник и Ранг – листа на кандидати за претседател и членови на Антикорупциската кои ги доставува до Комисијата за избори и именувања. Во петок собранискиот спикер ќе ја закаже седницата.

Весна Велкова

 

 

Back To Top