skip to Main Content

Забранет влез за научниците на главната врата на архивот

Забранет влез за научниците на главната врата на архивот
  • 01.06.2018

Научниците во Институтот за национална историја утрово дочекани со известување дека од понеделник мора да го користат страничниот влез. Ова доаѓа по вчерашното интервју со професорката Катерина Тодороска на 1ТВ, во кое таа зборуваше за неадекватноста и непристапноста до таа врата. Страничниот влез е предвиден за научниците, откако зградата на Државниот архив е подарена на обвинителството кое во иднина ќе спроведува осомничени лица низ главната врата на наменската зграда на Архивот. За научниците кои остануваат во архивската зграда, ваквиот потег е понижувачки за научната јавност и за научно истражувачката дејност во земјава.

„Можете да замислите какво понижување ќе биде сега кога ќе славиме 70 години од основањето на Институтот. Ќе треба научниците од странство да ги внесеме преку тој мал скриен влез“ – вели Катерина Тодороска од Националниот институт за историја кој е сместен во зградата на стариот архив.

И додека научната јавност и архивистите се уште водат борба за враќање на архивот, градежните прилагодувања за обвинителството привршуваат. Надеж се уште има, велат вработените во архивот бидејќи одлуката за изградба на нов објект на архивот се уште не е потпишана од премиерот и објавена во службен весник. Архивистите гласно апелираат дека на националното богатство му се заканува уништување доколку не биде вратено во наменската зграда.

Кристина Атовска

Back To Top