skip to Main Content

(Видео) Мицкоски: Секој граѓанин да реши според сопствено убедување – Заев, ајде на дуел!

(Видео) Мицкоски: Секој граѓанин да реши според сопствено убедување – Заев, ајде на дуел!
  • 11.09.2018

-Донесовме одлука секој граѓанин да постапи според сопственото убедување. Секоја индивидува да донесе најдобра одлука со соптвена соверст и морал. За национално прашање нема да одлучуваат партиите, туку нацијата. Убеден сум дека знаете што сакате да направите. Знаете што сакам да ви кажам. Потребна е мудрост и обединетост, е ставот што го изнесе лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во врска со референдумот.

-Прашањето за името е едно од најзначајните за нашата држава, надпартиско, го опфаќа делото на нашите предци, а се однесува на иднината. Не е прашање на Заев и Мицкоски, на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, не е прашање за дневни прес конференции и партиски препукувања.

-На власта и порачувам да не ја лаже јавноста со слогани – сега или никогаш. Таков слоган имаше Црвенковски. Секој треба да си го постави прашањето дали откако стана претседател и тргна на државата и дали запреа едноетничките барања. Одговорот е НЕ. Ако секој од нас се однесува одговорно, сериозно и со љубов и взија кон граѓаните. До нас самите е. Лажните надежи се очаен обид за подгревање на емоците на луѓето кои сакаат да им биде подобро, додаде Мицкоски и го повика премиерот Заев да се соочат на ТВ дуел, порачувајќи му дека поминале 4 месеци од нивното соочување.

-Почитуван Заев, ајде заедно на дебата, на ТВ дуел. Имаме Договор со Грција, корупции, скандали и афери. Ајде пред граѓаните да разговараме отворено за сите теми кои живот значат за граѓаните пред 30 септември, повика Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ пред да го објави ставот за референдумот, одржа говор во кој ја обвини владејачката СДСМ дека ги урнала сите преговарачки позиции градени долги години и ја довела земјата пред неповратен процес за бришење на името, идентитетот, пасошите и личните карти.

-Договорот е документ кој јас и ВМРО-ДПМНЕ не го прифаќаме затоа што е надвор од нашите принципи и начела. Остануваме на ставот дека сме против договорот, бидејќи е јасно дека со него се менуваат Уставот, институционалниот идентитет, патните исправи и личните документи, а се прифаќа Комисија за ревидирање на културата и традицијата, којашто ќе може да ја користи јужниот сосед кога и да му одговара, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски ја спореди Македонија со скапоцен авион во рацете на тинејџер и ги повтори обвинувањата што во изминатиот период неговата партија ги упатува кон власта, за економско фијаско, милионски тендери и цензура.

Back To Top