skip to Main Content

Жерновски-Квик: Договорот од Преспа ќе помине во грчкиот Парламент

Жерновски-Квик: Договорот од Преспа ќе помине во грчкиот Парламент
  • 26.10.2018
Договорот од Преспа кога ќе дојде на разгледување во грчкиот Парламент нема да биде загрозен, истакнал заменик-министерот за надворешни работи на Грција, Теренс Спенсер Николаос Квик на денешната средба со неговиот македонски колега Андреј Жерновски.
–  Сметам дека по одобрувањето кај вас, кога ќе дојде пред грчкиот Парламент, ќе помине веднаш, изјавил Квик на средбата.
Од македонското Минитерство за надворешни работи информираат дека двајцата соговорници се согласиле оти довербата и пријателството меѓу двете страни се продлабочува и оти со конечниот договор за решавање на прашањето за името, се става крај на разликите што ги отежнуваа пријателските односи меѓу соседите.
Двајцата изразиле надеж дека целокупниот процес предвиден со договорот, ќе заврши успешно во двете држави и оти наредната етапа ќе биде соработката во НАТО Алијансата како две земји сојузници, кои седат на зедничка маса и во институциите на Европската унија.
Квик е член на партијата „Независни Грци“ на Панос Каменос, коалицискиот партнер на Сириза.
Back To Top