skip to Main Content

Жена тепала две девојчиња во трговскиот во Лисиче

Жена тепала две девојчиња во трговскиот во Лисиче
  • 28.04.2018

Триесет и шестгодишна жена, во трговскиот центар во Лисиче, претепала две малолетни девојчиња, кои веднаш биле пренесени во болница каде им била укажана лекарска помош.

-На 23.04.2018 година во 16,30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата “Гаврил Константиновиќ“ поточно во Трговскиот центар Лисиче, Д.Ј.(36) го нарушила јавниот ред и мир со физички напад над две малолетни девојчиња. На девојчињата им била укажана лекарска помош во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“. По целосното расчистување и документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок, информираат од МВР.

Оттаму исто така информираат дека физички било нападнато уште едно девојче на возраст од 12 години, во друг изолиран случај.

-На 27.04.2018 година во 21,30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје Е.Б.(37) пријавил дека истиот ден околу 21,00 часот на улицата “Маџари“ од страна на Р.С. физички била нападната неговата 12 годишна ќерка. По целосното расчистување и документирање на настанот, ќе следи соодветен поднесок, велат од МВР.

Back To Top