skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Јанева со полициска придружба замина за Гевгелија
Законски нејаснотии кој ќе управува со СЈО по приведувањето на Јанева
Судењето за „Монструм“ одложено за 5 септември
Се запали автубус на ЈСП во Ѓоче Петров
Косовското Собрание се самораспушти, се очекува датумот за избори
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Жбогар: Приоритет да бидат судските реформи и борбата против корупцијата

Жбогар: Приоритет да бидат судските реформи и борбата против корупцијата
  • 16.07.2019

Клучните области во кои Брисел сака да види напредок до есен ако сакаме зелено светло за старт на преговори во октомври се реформи во судството, владеење на правото, борба со криминалот и корупцијата, рече евроамбасадорот во земјава Самуел Жбогар и порача дека нема ние да влеземе во ЕУ, туку треба да ја примиме Унијата во нашиот дом.

-Решението за датум треба допрва да се случи, но земјава веќе го почна патот кон ЕУ со објаснувачкиот скрининг, а тоа ќе го скрати времето кога ќе почнат преговорите за членство. Неопходно е да продолжите со испорачувањето на реформи, а најклучни се владеењето на правото и борбата против корупцијата, оцени евроамбасадорот.

Тој рече дека Европската комисија има стратегија за Западниот Балкан, но не е доволно само тоа, туку политичките лидери треба да ги убедат и земјите членки на ЕУ дека заслужуватме датум, а не смеат да ги приватизираат и со тоа да ги кочат процесите бидејќи станува збор за државата.

Жбогар изрази поддршка за Јавното обвинителство за нивните неодамнешни одлучувачки чекори. Од ваша страна вие треба да продолжите да испорачувате реформи, заедно со граѓаните кои сакаат да видат промени во судството, во владеење на правата и борбата со корупцијата, изјави тој.

-Имаше одлучувачки чекори од страна на јавното обвинителство неодамна. Ние ги подржуваме нивните активности и истовремено подеднакво го очекуваме решението за функционирање на канцеларијата на Специјалното јавно обвинителство во иднина. Со вчерашната оставка на Јанева се стави дополнителен притисок и одговорност врз политичките лидери и врз парламентот да најдат решение, рече евроамбасадорот.

Back To Top