skip to Main Content

Жбогар: Животот на луѓето го менуваат реформите, а не датумот

Жбогар: Животот на луѓето го менуваат реформите, а не датумот
  • 22.10.2019

Не добивте одлука за почеток на преговори, но тоа не значи дека тоа е крај на патот. Отворањето преговори е симболичен чин. Тоа е важно, но тоа во суштина не ги менува животите на луѓето. Она што го менува животот на луѓето се реформите, рече во интервју за МИА евроамбасадорот во Скопје, Самуел Жбогар.

„Реформите во правосудството, реформи во животната средина, реформи во економијата, во здравството, образованието… Процесот на проширување е тука да ги поттикне и помогне реформите. Но тоа не е замена за реформите. Ќе продолжиме да ја поддржуваме земјата во целиот реформски процес и се надевам за половина година ќе се навратиме на ова прашање и на новата методологија што треба да биде договорена меѓу лидерите“, нагласи Жбогар.

Back To Top