skip to Main Content

Ефенди Заими: Во ниедна религија нема екстремизам ниту радикализам

Ефенди Заими: Во ниедна религија нема екстремизам ниту радикализам
  • 15.06.2018

Рамазан Бајрам има неколку димензии за верниците – душевната, моралната, солидарноста и здравјето, вели д-р Фатмир Ефенди Заими. Како што објаснува, верниците го издржуваат 30-дневниот пост само за единствениот Бог, бидејќи ритуалот на постот не е како другите ритуали, како молитвата или аџилакот кои некогаш можат да бидат за лицемерие. Според него, во Македонија нема многу стереотипи меѓу религиите затоа што овде христијаните и муслиманите живееле со векови.

-Во последно време има некои предрасуди, но кога се зборува за нетолеранција или толеранција, има места каде што луѓето не ја разбираат најпрво нивната религија, а тогаш како можат да ја разберат другата религија? И муслиманите, ако не се практиканти, како ќе дознаат за христијаните, кои обичаи и ритуали ги имаат во црквата и во општеството, вели ефенди Заими.

Тој објаснува дека нема ни екстремизам ни радикализам во ниту една религија, тоа што луѓето ја разбрале религијата погрешно е посебна работа.

-Тие што ја разбрале погрешно се поединци, не се мнозинство. Но и тогаш треба да ги повикуваме и да ги советуваме, да им објаснуваме за религијата, затоа што ова е оригиналот, текстот. Луѓе многу често ги мешаат работите кога ќе слушнат од медиумите или од интернет. Тогаш добиваат погрешни информации што не се од нивната религија и затоа треба да влезат подлабоко во верата, во црква или во џамија и да се консултираат со свештеникот за да ги разберат основните работи, вели ефенди Заими.

Тој смета дека пред секуларизмот, религијата постоела и во комунистичката држава, иако било тешко. Но денес, со повеќепартискиот систем човекот е ослободен да реши сам дали ќе верува, треба да учиме од светата книга, а не да дозволиме да меша политика некој што не ја разбира верата.

Back To Top