skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Германски печат: ЕУ земјите подготвени да ја прифатат само Северна Македонија
Расмусен: Земјите од ЕУ не можат да ѝ ја негираат на Македонија иднината што ја бара
Шекеринска: Земјава за една година направи скок од 23 места во однос на стабилноста
Новата амбасадорка на САД во земјава положи свечена заклетва
Сведок од УБК: До системот за прислушување се пристапуваше и надвор од МВР, од поранешниот Аеро клуб
Министерството за правда ги објави извештаите од надзорот во судовите за АКМИС системот
ОН: Светот до 2050 година ќе брои 9,7 милијарди луѓе
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Еурактив: Орбан се обидува да го поткопа решението за спорот со името

Еурактив: Орбан се обидува да го поткопа решението за спорот со името
  • 04.06.2018

Европскиот портал Еурактив ги пренесува пораките на унгарскиот премиер Виктор Орбан објавени за време на митингот на најголемата макеоднска опозициска партија во кои тој ги поздравува напорите на ВМРО ДПМНЕ да го блокира решението со Грција и “да не потклекне под притисок од странски сили.“

Еурактив истакнува дека пораките на Орбан се во спротивност со оние на другите демохристијански челници, како Елмар Брок, близок соработник на германската канцеларка Ангела Меркел, но и претседателот на ЕПП, Жозеф Дол, кој, исто така, изрази поддршка за “заеднички прифатливо решение“ за двете страни.

Еурактив го цитира грчкиот потпретседател на Европскиот Парламент и член на Сириза, Димитрис Пападимулис, кој Орбан го нарекува “тажен исклучок“ и вели дека речиси сите европски политички лидери и европратеници ги поддржуваат напорите на Заев и Ципрас да изнајдат решение за спорот.

– Име за сите употреби, со вистински промени за да му се стави крај на иредентизмот и можни идни спорови, изјавил Пападимулис за Еурактив.

Ова не е прв пат Орбан да е во судир со неговите партнери од европската десница, како и со другите европски лидери. Холандската демохристијанска партија ЦДА во саботата побара исклучување на партијата на Орбан, Фидес, од ЕПП доколку продолжи со своите политики.

Back To Top