ЕП ја усвои резолуцијата: Почеток на преговори со Скопје и Тирана!

Европскиот парламент ја усвои резолуција со која ги повикува членките на ЕУ да започнат преговори со Македонија и до Албанија. Резолуцијата беше изгласана со 412 гласови „за“, 136 против и 30 воздржани.
Европратениците во резолуцијата нагласуваат дека одуката на лидерите на ЕУ да не им се даде зелено светло на Скопје и Атина за датум за преговори е стратешка грешка. Последиците од таквата одлука ќе бидат штетни закредибилитетот на ЕУ, со тоа е испраќа негативен сигнал до земјите кандидати и се отвора врата за други влијанија во регионот, стои во резолуцијата.
– Одлуката да се блокира почетокот на преговорите на ЕУ со Северна Македонија и со Албанија е стратешка грешка. Ја истакнавме улогата и одговорноста на Емануел Макрон во отфрлањето и влијанието што ваквата одлука го има врз нарушувањето на кредибилитетот на ЕУ, напишаа од Европската народна партија на Твитер.
Во резолуцијата се наведува вели дека политиката за проширување е најефективниот инструмент за надворешна политика на Унијата, а понатамошното распаѓање на таа политика може да доведе до сè понестабилна состојба во непосредното соседство на ЕУ.
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.