skip to Main Content

ЕК предлага поголем буџет за проширувањето од 2021

ЕК предлага поголем буџет за проширувањето од 2021
  • 14.06.2018

Европската Комисија денеска предложи да се зголеми буџетот за процесот на проширување на ЕУ.

Предлогот е дел од сѐвкупниот план на Комисија да се зголоми буџетот на Унијата за надворешни работи, вклучително и аспекти како хуманитарната помош.

Претпристапниот инструмент, со новиот буџет, би се зголемил за 13 отсто, на 14, 5 милијарди евра за периодот од 2021 до 2027.

Разликата со претходниот инструмент е што новиот би бил фокусиран на фундаментални приоритети на Унијата како владеењето на правото, јавната администрација и економските реформи. До сега инструментот се дефинираше по земји, а не по приоритети.

Новот пристап, смета ЕК, ќе овозможи подобра мониторинг врз реформите во земјите кандидатки.

-Зголемениот и реформиран буџет ќе ни овозможи да продолжиме да работиме со оние земји кои се одлучени да се придружат кон ЕУ, изјави Јоханес Хан.

Предлог-буџетот на ЕК треба допрва да биде прифатен од Парламентот на ЕУ и земјите членки.

Истражување: Довербата во ЕУ стигна до 42 проценти

Довербата во ЕУ стигна до 42 отсто, еден процент повеќе од највисокото ниво есента  2010 година. Тоа го покажуваат податоците од истражувањето објавено денеска од  Европската комисија.

Во 15 држави од  ЕУ, мнозинството од испитаниците имаат  доверба во Заедницата. Довербата е најголема во Литванија (66 проценти), Португалија и Данска (57 проценти), и во Луксембург и Бугарија (56 отсто).

Од минатата есен довербата во ЕУ  пораснала во 19 држави, особено во Португалија (57 отсто, повеќе за шест проценти) и Словенија (44 отсто, зголемено за шест проценти), додека во шест држави се  намалува, особено во Белгија (47 отсто, помалку за шест проценти), Унгарија 44 проценти  (помалку  за пет отсто) и Словачка 44 отсто (намалена за четири проценти).

Само 40 проценти од Европејците имаат позитивна перцепција за ЕУ, 37 проценти се неутрални, а 21 процент имаат негативен став. Најголем дел од луѓето со позитивно мислење се во Ирска (64 отсто), Бугарија и Португалија (56 отсто) и Луксембург (54 отсто).

Back To Top