skip to Main Content

Екс министерот за транспорт Мисајловски го прослави отворањето на автопатот Демир Капија-Смоквица

Екс министерот за транспорт Мисајловски го прослави отворањето на автопатот Демир Капија-Смоквица
  • 24.04.2018

После прославата со чочек за отворањето на автопатската делница Демир Капија-Смоквица, и екс министерот за транспорт и врски од редовите на ВМРО ДПММЕ Владо Мисајловски денеска се сликаше со македонско знаме пред тунелите.

Контроверзната 6-годишна изградба на автопатот што почна за време на ВМРО-ДПМНЕ, а ја заврши СДСМ ја обележаа меѓусебни обвинувања на партиите

Специјалното јавно обвинителство  минатиот месец објави дека отвора истрага под име „Актор“ за изградбата на автопатот Демир Капија – Смоквица. Предметот, според СЈО, се однесува за фаворирање на грчката компанија „Актор“ за изградба на автопатот Демир Капија – Смоквица, иако подобра понуда имала италијанската компанија „Тото“. Покрај тоа, во „Актор“ има сомненија и за перење пари.

Back To Top